Скелет кај човекот
- Коските ја создаваат основата на организмот. Коските се поврзуваат меѓу себе со зглобови. Комбинацијата на коски и зглобови, поврзани со сврзливите ткива го создаваат скелетниот систем.
- Коските се изградени главно од коскено ткиво. Коските не се безживотни. иако во просторите меѓу клетките на коскеното ткиво постојано се таложат цврстите соли на калциум, самите клетки се многу активни. Коските се органи со свој посебен систем на крвни садови, лимфни садови и нерви.
- Кај ембрионот повеќето од коските се составени од ’рскавица. Создавањето на коските почнува во текот на вториот и третиот месец од ембрионалниот развиток. Во овој развоен стадиум клетките што создаваат коски, наречени остеобласти, стануваат многу активни. Најнапред, овие клетки произведуваат супстанца, наречен меѓуклеточен материјал, што е сместен меѓу клетките, а има и големо количество на колаген. Потоа, калциумовите соединенија со помош на ензимите се таложат во меѓуклеточниот материјал, има групи на тврди клетки наречени остеоцити. Тоа се живи клетки што се наоѓаат во коската, но не создаваат ново коскено ткиво. Другите клетки, наречениостеокласти, се одговорни за преоцесите на ресорпција, или разградување на коската.
- Целосната коскена основа на организмот е наречена скелет. Скелетот е составен од коски со многу различен изглед. Тие можат да бидат:
- плочести (ребра, коски на черепот);
- коцкести (коски на делови на дланка);
- неправилни (прeшлените).
- Растење и обновуање на коските
Основни функции на коските
-
Коските имаат голем број функции од кои најважни се:
- тие се цврста основа за целиот организам;
- ги заштитуваат нежните делови во организмот, на пример - черепниот мозок;
- служат како лостови, што поттикнати од споените мускули овозможуваат движење;
- тие се склад на соли на калциум, кои можат да се ресорбираат во крвта кога нема доволно калциум во исхраната;
-
Поделба на скелетот
- Коски на главата
- Коски на граден кош
- Коски на 'рбетен столб
- Коски на горен екстремитет
- Коски на долен екстремитет
Коските имаат голем број функции од кои најважни се:
- тие се цврста основа за целиот организам;
- ги заштитуваат нежните делови во организмот, на пример - черепниот мозок;
- служат како лостови, што поттикнати од споените мускули овозможуваат движење;
- тие се склад на соли на калциум, кои можат да се ресорбираат во крвта кога нема доволно калциум во исхраната;
-
Поделба на скелетот
- Коски на главата- Коски на граден кош- Коски на 'рбетен столб- Коски на горен екстремитет- Коски на долен екстремитет